2010



Четврток, 29 јули 2010 година

Одржан Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија

EU states could be divided by new divorce lawНа 27 јули оваа година во Брисел се одржа Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија. Со  состанокот претседаваше г.Стивен Ванакере министер за надворешни работи на Кралството Белгија во соработка со комесарот за проширување г.Штефан Фуле. Во составот на делегацијата на Република Македонија предводена од министерот за надворешни работи г. Антонио Милошоски учествуваа заменик претседателот на Владата  задолжен за европски прашања г.Васко Наумовски и државниот секретар на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор г.Илхам Исмани. На состанокот присуствуваше и Специјалниот претставник и шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г.Ерван Фуере.

Советот за стабилизација и асоцијација ја забележа примарната цел на земјата и силната посветеност за отварање на пристапните преговори што е можно поскоро. Советот беше информиран за посветеноста на Владата кон натамошно ефикасно спроведување на реформите, особено во судството, јавната администрација, борбата против корупцијата, економските реформи.

Европската унија истакна дека во процесот на визна либерализација земјата демонстрираше капацитет за спроведување на реформите за оваа прашање.

Советот за стабилизација и асоцијација ги разгледа клучните постигнувања од минатата година во однос на исполнувањето на политичките критериуми. Забележани се напорите за имплементирање на Законот за Собрание и основањето на собраниска анкетна комисија во врска со случувањата во Собранието на 1 јули оваа година. Советот истакна дека најдобар начин за подобрување на политичката клима е целосна имплементација на Законот за Собрание, усвојување на Деловникот за работа на Собранието и продолжување на формалните координативни состаноци меѓу координаторите на пратеничките групи.

Европската унија ја повтори важноста од обезбедување на конструктивен дијалог меѓу политичките фактори заради одржливо спроведување на клучните реформи и на Охридскиот рамковен договор.

Советот ги забележа континуираните напори во судските реформи вклучително и   предвидените законски измени со цел зајакнување на автономијата, независноста, ефикасноста и професионалноста на судството. Во овој поглед укажано е на важноста од обезбедување на независност и објективност на судиите и јавните обвинители.

Во однос на реформите на јавната администрација, Советот ја истакна важноста од зајакнатата правна рамка, се охрабруваат континуираните напори за унапредување на транспарентноста, професионалноста и независноста на јавната администрација.

Советот за стабилизација и асоцијација истакна дека Охридскиот рамковен договор останува клучен дел од политичките критериуми и важен елемент на демократијата и владеењето на правото, и истиот мора да биде целосно спроведен.

Европската унија потсети дека регионалната соработка и добрососедските односи претставуваат суштински дел од процесот на приближување кон Унијата.

Советот ги забележа мерките што се однесуваат на исполнувањето на економските критериуми и функционирањето на пазарната економија. Во областа на статистиката, пописот на населението планиран за 2011 е особено важен.

Во однос на новиот Инструмент за претпристапна помош, постигнат е напредок во институционалните подготовки за децентрализирано спроведување на ИПА кои допринесоа за доделување на управувањето со три ИПА компоненти, а за останатите две компоненти подготовките се во тек.

Советот за стабилизација и асоцијација забележа висок степен на усогласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Во однос на усогласување со правото на ЕУ, забележан е напредок во хармонизацијата на законодавството и градењето на административниот капацитет во многу области. Советот ја поздрави Националната програма за усвојување на правото на ЕУ- ревизијата 2010 и практиката на надлежните органи за нејзино годишно ажурирање врз основа на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, како и прогресивното учество на земјата во програмите на Заедницата.

Европската унија го поздрави континуираното активно учество на земјата и конструктивниот пристап во регионалната соработка вклучително и иницијативи како што се Процесот за соработка на Југоисточна Европа, Советот за регионална соработка, придонесот кон мисијата ЕУ-Алтеа мисијата во Босна и Херцеговина.

Click