2010



Понеделник, 21 јуни 2010

ОЛЕСНУВАЊЕ НА ВИЗНИОТ РЕЖИМ СО ГРУЗИЈА

Европската унија и Грузија на 17 јуни потпишаа договор за олеснување на визниот режим, со што се отвораат можности за полесно патување и подобро остварување на контакти помеѓу луѓето низ Европа.

„Визната либерализација и договорот за реадмисија се резултат на Источното партнерство, со тоа ќе се зајакне и соработката во борбата против незаконската имиграција“, истакна Сесилија Малмстром, Комесар за внатрешни работи на ЕУ.

Со овој договор се намалуваат трошоците за виза од 60 на 35 евра  за сите граѓани, а за одредени категории на апликанти има дополнителни олеснувања во поглед на потребните документи за добивање виза. Деца помали од 12 години, пензионери, лица со посебни потреби, студенти и претставници од граѓанските организации ќе бидат целосно ослободени од виза.

Од 2006 година, ЕУ потпиша договори за визна либерализација со Русија, Украина, Република Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија.

 

 

 

Click