2010



Вторник, 19 октомври 2010 година

Подобра примена на правото на Заедницата 

Европската комисија на 1 октомври оваа година презентираше Годишен извештај за следење на примената на правото на Заедницата за 2009 година. Обрската на Комисијата секоја година да презентира годишен извештај е согласно барањето на Европскиот парламент од 1984 година. 

Во Извештајот за 2009 година потенцирана е важноста за целосна и правилна примена на правото на Европската унија, се идентификува напредокот постигнат во минатата година во имплементацијата, управувањето и спроведувањето на правото на ЕУ. Покрај нотирањето на подобрувањата, сепак доцнењето на земјите членки во транспозицијата на директивите, останува главен предизвик. Овој системски проблем влијае врз претпријатијата и граѓаните во ЕУ. Со цел да се решат проблемите како и за да се обезбеди ефикасна примена на правото на ЕУ, со заедничко партнерство меѓу земјите членки ќе се прошират инструментите и ќе се интензивираат напорите. Европската комисијата ја охрабрува зголемената соработка на земјите членки во областа на превентивните мерки, со цел да обезбеди подобро и навремено спроведување и примената на правото. 

Споредбените табели придонесуваат за транспарентноста и за подобрување на пристапот до правото, ја унапредуваат соработката меѓу Комисијата и земјите членки при разгледувањето на транспозицијата, овозможуваат рана идентификација на одредени прашања. Во процесот на управување со примената на правото важен е и придонесот на експертските групи. 

Хоризонталните инструменти како СОЛВИТ и ЕУ Пилот проектот се развиваат и даваат добри резултати, земјите членки активно придонесуваат за успешноста на овие инструменти.

Забележана е потребата да се посвети поголемо внимание на спроведувањето на мерките при подготовката на нова легислатива, кои може да се хоризонтално применливи или креирани за одделни специфични сектори. Кога законодавството на ЕУ содржи мерки за извршување, Комисијата е надлежна за обезбедување на целосна примена на мерките, правилна имплементација и употреба.

Европското  законодавството често пати вклучува и обврска за Комисијата да изготви извештај за почетокот на примена на мерката (рана примена). Комисијата ја нагласува вредноста на овие извештаи, врз основа на придонесите на земјите членки, во зголемување на вниманието на оценката на влијанието на законодавството на ЕУ.

СОЛВИТ е мрежа формирана во 2002 година од страна на ЕК и земјите членки на ЕУ (плус Норвешка, Исланд и Лихтенштајн), за обезбедување на практични решенија за граѓаните и бизнисите, за проблемите предизвикани од неправилно спроведување на правилата за единствениот пазар.

Пилот проектот на ЕУ е во функција од 2008 година, негова цел е да обезбеди побрзи и поцелосни одговори на прашањата, како и решенија за проблемите кои произлегуваат при спроведувањето на законодавството на ЕУ, особено прашањата покренати од страна на граѓаните и бизнисите.

Click