2010



Вторник, 7 септември 2010 година

Постигнат договор за иднината на финансискиот надзор во ЕУ

Преговорите меѓу владите на земјите-членки на ЕУ, Европскиот парламент и Европската комисија, на 2 септември, резултираа со постигнување на договор за иднината на финансискиот надзор во ЕУ. Финансиската и економската криза покажа дека одредени банки и други финансиски институции може да предизвикаат сериозни последици за економијата на ЕУ и европските граѓани.

Договорот за принципите за создавање на поефикасен надзор на европските финансиски пазари предвидува регулирање на прописите во различни сектори:, банкарскиот и осигурителниот сектор и финансиските пазари.

Европскиот одбор за следење на системски ризици како ново тело, ќе работи на макро ризиците, односно на ризици за стабилноста на финансискиот систем во целина.

Три нови европски органи за супервизија, ќе се посветат на ризиците за стабилноста на банкарските и осигурителните пазари и на финансиските инструменти. Одлуките кои ќе се донесуваат од органите за супервизија ке бидат директно применливи за поединечни финансиски институции во случаи кога не се применува правото, при одредени прекршувања, како и при несогласување помеѓу националните органи.

Договорот треба да биде одобрен од Советот за економски и финансиски прашања (ECOFIN) на состанокот на 7 септември, а потоа и од Европскиот парламент. Се очекува договорот да биде претставен во Европскиот парламент на втората пленарна сесија кон крајот на септември. Доколку договорот се одобри во двете фази, ќе се преземат сите неопходни чекори за практично воведување на новиот систем од 1 јануари 2011 година.

Click