2010



Среда, 14 јули 2010 година

Позиција на Советот на Европската унија во поглед на продолжувањето на преговорите со Европскиот парламент за финансискиот надзор

Советот на Европската унија на 13 јули оваа година ја утврди својата позиција за продолжување на преговорите со Европскиот парламент, за пакетот на мерки за  реформа на Европската рамка за надзор на финансискиот систем.

Европската комисија во 2009 година презентираше предлози во насока на зајакнување на финансискиот надзор:

- нацрт-регулативи на Заедницата за макро претпазлив надзор над финансискиот систем, основање на Европски одбор за системски ризици и доверување на посебни задачи на Европската централна банка во однос на функционирањето на одборот;

- нацрт- регулативи за основање на три нови европски тела за: банкарство, за осигурување и професионални пензии и за хартии од вредност,

- нацрт-директива за измена на постојното законодавство во однос на овластувањата на трите нови органи.

Повеќето од текстовите се во процедура која вклучува соодлучување меѓу Парламентот и Советот. Преговорите со Парламентот се со цел да се овозможи донесување на текстовите во прво читање, со што Европскиot одбор за системски ризици и трите нови органи за надзор би биле оперативни од 1 јануари 2011.

Благодарение на преговорите меѓу Советот и ЕП, постои голем степен на конвергенција меѓу двете институции. Бидејќи не беше постигната целосна согласност како што првично беше предвидено да му се овозможи на Парламентот да одржи прво читање на документите на 8 јуни, Парламентот го одложи гласањето за следната пленарна седница.

Click