2010



Вторник, 9 февруари 2010, Брисел

Преговарачите на Европскиот парламент се договараат за идните односи со Европската комисија

Европскиот парламент и Европската комисија го ревидираат т.н. рамковен договор со кој се уредуваат односите меѓу двете институции. Работната група после трите рунди на преговори, на 27 јануари 2010 постигна согласност. Како дел од клучните принципи утврдени од преговарачите на Европскиот парламент во дискусиите со Европската комисија се: еднаков третман на Европскиот парламент и на Советот од страна на Комисијата, зајакнување на позицијата на Парламентот при поднесување на законодавни иницијативи, согласност за мерките со кои ќе се подобрува одговорноста на извршната власт и зголемување на улогата на Парламентот во меѓународните преговори.

Втората фаза од преговори започна веднаш по преземањето на новата Комисија и треба да доведе до текст на договорот што ќе се разгледа на Комитетот за уставни прашања. На пленарната седница на 9 февруари 2010 година ЕП ќе гласа за резолуцијата која ќе содржи заклучоци произлезени од досегашните преговори. На оваа резолуција се гледа како на важен изчекор за врските помеѓу двете институции, одразувајќи ја новата позиција на Европскиот парламент, согласно Лисабонскиот договор.

Принципот на еднаков третман на Парламентот и Советот на министри, од страна на Комисијата беше еден од главните успеси на преговарачите на ЕП. Ова особено се однесува на пристапот до состаноците на Комисијата со националните експерти и целокупната документација од состаноците.

Подобрувањето на одговорноста на Комисијата како извршно тело беше важно прашање во преговорите за Парламентот. Комисијата се согласи да даде поддршка на Парламентот во преговорите за Европската служба за надворешно дејствување, во поглед на гарантирање на нејзината целосна одговорност, вклучително и транспарентна процедура за кандидирање на специјални претставници и амбасадори.

Во пленарните седници на Парламентот ќе биде вклучен и новиот „час за пратенички прашања“ со комесарите, вклучително и заменик-претседателот одговорен за надворешни односи/високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика.

Се зајакнувува можноста за поднесување на законодавни иницијативи на Европскиот парламент. Согласноста воведува јасен рок од 3 месеци во кој Комисијата треба да проследи конкретен одговор на извештајот по законодавната иницијатива, и по правило, една година за поднесување на предлогот до Парламентот. Доколку предлогот не биде поднесен, Комисијата ќе достави детални објаснувања на Парламентот. Беше излезено во пресрет на барањето на Парламентот, за идни преговори за постигнување на договор за подобро подготвување на законите. Комисијата се согласи да се консултира со Парламентот за употребата на т.н.„soft law“ законски иницијативи и да го зајакне правото на Парламентот за информирање во случај на непочитување на процедурите.

Договорот меѓу двете институции вклучува обврска на Комисијата да ја зајакне асоцијацијата со Парламентот во меѓународните преговори. Во иднина, Парламентот ќе добива целосни информации за сите фази од преговорите.

Click