2010



Петок, 11 јуни 2010, Европски совет

Проект Европа 2030

Согласно заклучоците на претседателството на Европскиот совет од 14 декември 2007 година, беше формирана независна група во 2008 година, со цел да ги идентификува и анализира состојите и да предложи решенија на подолг рок со цел да се исполнат предизвиците со кои Европската унија ќе се соочува во периодот до 2020-2030 година. Групата е предводена од г.Фелипе Гонзалес и е составена од 12 членови експерти од различни области.

Независната група започна со работа во декември 2008 година, а својот извештај насловен како "Проект за Европа 2030 - предизвици и можности", во мај оваа година го предаде на претседателот на Eвропскиот совет г. Херман Ван Ромпуј. Извештајот треба да се презентира на јунскиот состанок на Европскиот совет.

Во извештајот е содржана широка листа на состојби и проблеми со кои се соочува Унијата и нејзините земјите членки во смисла на зајакнување и модернизација на европскиот модел на економска успешност и социјалната одговорност, владеењето на правото, зајакнување на конкурентноста во ЕУ, светската економска криза, климатските промени, енергијата, државната помош за банките, и сл. 

На церемонијата на предавањето на извештајот што се одржа во мај оваа година, г. Херман Ван Ромпуј истакна дека "Време е Европската унија да го развие сопствениот потенцијал и капацитет на долг рок. Независната група ги идентификуваше сите големи предизвици на Европската унија, сите големи можности за Европа, кои се клуч за иднината.“

Click