2010



Петок, 24 септември 2010

Состанок на високо ниво за милениумските развојни цели

Од 20 до 22 септември оваа година во Њујорк се одржа самит на Обединетите нации, на кој светските лидери преговараа за милениумските развојни цели до 2015 година. Тридневниот самит заврши со усвојување на глобален акционен план за исполнување на осумте цели против сиромаштијата до 2015 година.

Членките на ОН во септември 2000 година ги усвоија милениумските развојни цели при што се обврзаа истите да ги остварат до 2015 година. Милениумските развојни цели опфаќаат осум области: искоренување на сиромаштијата и гладта, универзално образование-пристап до основното образование, родова еднаквост, намалување на смртноста кај децата, подобрување на здравјето на мајките, борба против ХИВ/СИДА и други заразни болести, обезбедување еколошка одржливост и создавање глобално партнерство за развој.

Европската унија е целосно определена за остварување на милениумските развојни цели до 2015 година, кое е можно доколку сите страни демонстрираат силни политички заложби, имплементирање на потребните промени во политиките и превземање на конкретни акции.

Како дел од милениумските развојни цели, Европската унија се обврза да ја зголеми официјалната помош за развој на 0,7% од бруто националниот приход до 2015 година. Од 2000 година, Европа двојно ја зголеми помошта за земјите во развој. Европската комисија на 21 април оваа година усвои амбициозен план за поддршка на милениумските развојни цели.

Click