2010

Понеделник, 29 март 2010 година, Валенсија

Во рамките на Шпанското претседателство со ЕУ одржана Меѓународна конференција на тема „Жените за подобар свет“

На 27 и 28 март 2010 година во Валенсија се одржа Меѓународна конференција на која учествуваа групи за дискусија за правата на жените и нивната улога во политиката, хуманитарните дејности и уметноста

Еден од најзабележителните беше говорот на Вангари Матаи, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2004 година, која зборуваше како да се подобри животот на жените од африканскиот континент.

Претседателот на Фондацијата за развој на заедницата, Граса Машел, повика на поголемо учество на жените во ремоделирањето на светскиот финансиски систем. 

Средбата која се одржува по петти пат на тема „Жените за подобар свет“, ја затвори претседателот на Владата на Кралството Шпанија и актуелен претседавач со Европската унија, Хозе Луис Родригез Запатеро, кој во обраќањето потврди дека за време на претседателство Шпанија ќе продолжи да го поддржува вклучувањето на „целосната афирмација на еднаквоста помеѓу мажите и жените“ во рамките на новата економска стратегија. Целта е зголемување на вработувањата на жените до „ниво од 70 проценти до 2020 година“, како и колку што е можно намалување на разликата кај заработувачката. Во рамките на претседателството со ЕУ, Шпанија ќе продолжи на европско ниво да промовира нови начини на поддршка на борбата против насилството. Еднаквоста треба да претставува реалност низ цела Европа, во градовите и руралните области, во професионалното и семејното опкружување. 

На крајот на Конференцијата беше прочитан текстот на Декларацијата од Валенсија, за која претходно постигнаа согласност повеќе од 500 жени учесници на Конференцијата од Европа, Африка, САД, Азија и Латинска Америка.







Click