Извештај за влијанието на Болоњскиот процес...



Среда, 31 март 2010 година

Извештај за влијанието на Болоњскиот процес

Во новиот извештај на Eurydice - мрежата за образовни системи и политики во Европа, подготвен за потребите на Европската комисија, даден е преглед на постигнатиот напредок на реформите во високото образование во 46 земји кои го применуваат планот за реформи, познат како Болоњски процес

Прочитај повеќе

Во рамките на Шпанското претседателство со ЕУ одржана Меѓун...



Понеделник, 29 март 2010 година, Валенсија

Во рамките на Шпанското претседателство со ЕУ одржана Меѓународна конференција на тема „Жените за подобар свет“

На 27 и 28 март 2010 година во Валенсија се одржа Меѓународна конференција на која учествуваа групи за дискусија за правата на жените и нивната улога во политиката, хуманитарните дејности и уметноста

Прочитај повеќе

Европска недела на одржлива енергија...



Вторник, 23 март 2010 година

Европска недела на одржлива енергија

Европската унија од 22 до 26 март, по четврти пат во Брисел и други градови ширум Европа организира недела посветена на одржливата енергија. Настанот се организира од страна на Извршната агенција за конкуренција и иновации во име на Генералниот директорат на Европската комисија за енергија.

Прочитај повеќе

Ставот на Советот на ЕУ за прехрамбените новитети 23.03.10...



Вторник, 23 март 2010 година

Ставот на Советот на ЕУ за прехрамбените новитети

На 15 март 2010 Советот, во прво читање ја прифати нацрт регулативата за прехрамбените новитети, согласно политичкиот договор постигнат на 22 јуни 2009 година.

Прочитај повеќе

Советот за животна средина на ЕУ усвои заклучоци за биодиве...



Среда, 17 март 2010 година

Советот за животна средина на ЕУ усвои заклучоци за биодиверзитетот по 2010 година

Биолошкиот диверзитет (разновидноста на екосистемите) насекаде низ светот се соочува со сериозна закана. Доколку се продолжи со тенденцијата на загуба на биодиверзитетот, се проценува дека на годишно ниво загубата на услугите од виталните природни екосистеми, ќе изнесуваат до 50 милиони евра,  додека до 2050 година загубите би можеле да изнесуваат и до 7% од БДП.

Прочитај повеќе

Одбележување на дваесетгодишнина од Заедницата за поддршка ...



Понеделник, 8 февруари 2010 година, Брисел

Одбележување на дваесетгодишнина од Заедницата за поддршка на урбаниот развој

На 4 февруари 2010 година во Брисел се одржа Конференција за одбележување на дваесетгодишнината од вложувањето на Европската унија во градовите во Европа. Според комесарот за регионална политика, г. Павел Самецки, кој говореше на Конференцијата, „Урбаниот развој е еден од приоритетите на Европската кохезиона политика. Комисијата ги поддржува европските градови во барањата за поголема конкурентност и им помага да развиваат долгорочни и одржливи стратегии“

Прочитај повеќе

Преговарачите на ЕП се договаарат за идните односи со ЕК 09...



Вторник, 9 февруари 2010, Брисел

Преговарачите на Европскиот парламент се договараат за идните односи со Европската комисија

Европскиот парламент и Европската комисија го ревидираат т.н. рамковен договор со кој се уредуваат односите меѓу двете институции. Работната група после трите рунди на преговори, на 27 јануари 2010 постигна согласност. Како дел од клучните принципи утврдени од преговарачите на Европскиот парламент во дискусиите со Европската комисија се: еднаков третман на Европскиот парламент и на Советот од страна на Комисијата, зајакнување на позицијата на Парламентот при поднесување на законодавни иницијативи, согласност за мерките со кои ќе се подобрува одговорноста на извршната власт и зголемување на улогата на Парламентот во меѓународните преговори.

Прочитај повеќе

Европски ден на безбеден интернет 09.02.10...



Вторник, 9 февруари 2010 година

Европски ден на безбеден интернет

По повод "Денот на безбеден интернет" Европската комисија ќе соопшти дали поголемите интернет компании постапувале согласно обврската за подобрување на безбедноста на помладите од 18 години кои ги користат страниците за социјална интеракција. Со цел да се поттикнат тинејџерите да размислат за последиците од содржината која ја објавуваат на своите профили ке биде спроведена широка ЕУ кампања на тема „Размисли пред да испратиш“, во повеќе од 60 земји ширум светот.

Прочитај повеќе

Никифорос Диамандорос реизбран за Европски омбдусман 22,01...



Петок, 22 јануари 2010 година, Стразбур

Никифорос Диамандорос реизбран за Европски омбдусман

На 20 јануари 2010 година Никифорос Диамандорос повторно беше избран за Европски омбдусман. На оваа  позиција Диамандорос е од 2003 година, а на овој избор, со тајно гласање, ја доби поддршката  од 340 пратеници на седница на Европскиот парламент.

Прочитај повеќе

Енергетски пазари на Европската унија и е-трговија 22,01,10...



Петок, 22 јануари 2010 година, Стразбур

Енергетски пазари на Европската унија и е-трговија

„Во рамките на шестмесечното претседателство со Унијата, Шпанија ќе врши притисок за заеднички Европски енергетски пазар и е-трговија", истакна премиерот Хозе Луис Родригес Запатеро, на 20 јануари, пред пратениците во Европскиот парламент.

Прочитај повеќе

Европска година за борба против сиромаштија и социјално иск...



Четврток, 21 јануари 2010 година, Мадрид

Европска година за борба против сиромаштија и социјално исклучување

Европската комисија и Шпанското претседателство со ЕУ ја започнаа 2010 година како Европска година за борба против сиромаштијата и социјалното исклучување. На Конференцијата во Мадрид беше претставена програма за подигање на свеста за сиромаштијата под слоганот „Стоп за сиромаштијата, сега!“

Прочитај повеќе

Новата визија на Европската унија за биодиверзитет 21,01,10...



Четврток, 21 јануари 2010 година

Новата визија на Европската унија за биодиверзитет

Европската комисија на 19 јануари 2010 година претстави документ со кој се поставени визиите и идните цели на политиката на ЕУ за биодиверзитет за периодот после 2010 година, со што се одбележа започнувањето на Меѓународната година на биодиверзитет. Еврокомесарот за животна средина, г. Ставрос Димас, потенцирајќи ја важноста на прашањето за заштитата на биодиверзитетот, укажа на потребата за воведување на нова политика и стратегија за периодот после 2010 година.

Прочитај повеќе
1234     
Click