Обраќање на ПСРМ по повод наградата Бисери на мудроста...



Среда, 3 февруари 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод наградата „Бисер на мудроста“, доделена од Европската асоцијација за цервикален канцер

Како пратеник и како претседател на Собранието на Република Македонија навистина ми причинува големо задоволство фактот дека оваа награда, меѓу другите институции и невладини организации, од Македонија ја добива и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија. Со ова не само што се потврдуваат активностите и резултатите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, туку е и признание за активноста и работењето на Собранието, како и за нивото на парламентаризмот кај нас, кој не се сведува само на процесот на донесување на закони туку многу пошироко. 

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со амбасадор на Индија...



Петок, 29 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Индија, Н.Е. Дивиаб Манчанда

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Република Индија за Република Македонија, Н.Е. Дивиаб Манчанда. На средбата претседателот Вељаноски ја нагласи потребата од зајакнување на соработката со една важна и пријателска земја како што е Република Индија и ја изрази својата подготвеност како претседател на Собранието да помогне во интензивирање на сите форми на парламентарна соработка.
„Со Република Индија имаме и уште нешто заедничко, а тоа е Мајка Тереза, која се родила во Скопје а живеела и работела во Индија и денес е годишнина од отворањето на куќата на Мајка Тереза во Скопје“, истакна претседателот Вељаноски

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со амбасадорот на Алжир 29.01.10...



Петок, 29 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, Н.Е. Хабиб Шауки Хамруи

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Народна Демократска Република Алжир за Република Македонија, Н.Е. Хабиб Шауки Хамруи. На средбата претседателот Вељаноски ја потенцираше важноста од интензивирање на парламентарната соработка, како и севкупните политички односи меѓу двете земји, изрази надеж дека со отворање на амбасади и во Република Алжир и во Република Македонија ќе се отворат повеќе можности за соработка, како на политички, така и на економски план, и ја искажа својата подготвеност во наредниот период да оствари средба со претседателот на Алжирскиот парламент

Прочитај повеќе

Еднодневна работилница на ВФД во СРМ...



Петок, 22 јануари 2010 година

Еднодневна работилница на Вестминстерската фондација за демократија во Собранието на Република Македонија

Активноста имаше за цел презентирање на британските искуства во поглед на планирањето и спроведувањето на јавните надзорни активности, размена на мислења меѓу македонските пратеници и гостите од британскиот парламент, како и усвојување на конкретни препораки и следни чекори за сето она што е потребно да се преземе и направи како дополнително би се развиле и подобриле надзорните практики во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Изгласани амандманите на Извештајот за Македонија 27.01.10...



Среда, 27 јануари 2010 година, Европски парламент

Изгласани амандманите на Извештајот за Македонија

Со 56 гласа „за“, 5 „воздржани“ и 5 „против“, Европскиот парламент денеска ги изгласа амандманите на Извештајот за Македонија, поднесени од словенечкиот европратеник и известувач, г. Зоран Талер, со кои се бара во март годинава земјата да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Прочитај повеќе

34 седница на Комисијата за економски прашања 21.01.10...



Четврток, 21 јануари 2009 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Триесет и четвртата седница, одржана на 20 јануари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, прво читање

Прочитај повеќе

40 седница на Комисијата за европски прашања 2.01.10...



Четврток, 21 јануари 2010 година

Четириесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесеттата седница, одржана на 20 јануари 2010 година, во прво читање ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва и Предлог-законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски во Краков на одбележува...



Вторник, 26 јануари 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски во Краков на одбележувањето на 65-годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Верувам дека секој од нас денес, овде, кога ја одбележуваме 65-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау, немиот сведок на холокаустот, се прашува зошто се случи тоа. Зошто над 6 милиони мажи, жени, деца, старци, беа најбрутално ликвидирани само затоа што беа Евреи. А Бог, кој е еден и без разлика на која религија ѝ припаѓаме, нè учи дека сите сме божји деца и сите сме исти. Ова прашање не треба и не може да се ограничи како лично прашање, тоа е наше заедничко прашање, наша заедничка обврска да не дозволиме да се заборави или избрише историското паметење за холокаустот. Уште поважно е да не дозволиме да се создадат какви било услови за повторување на стравот и ужасот кои ги носеше холокаустот, без разлика кон кого е насочен, бидејќи тоа е најголемото зло во историјата на човештвото.

Прочитај повеќе

ЕУ ја прогласи 2010-та за година на борба против сиромаштиј...



Четврток, 21 јануари 2010 година

ЕУ ја прогласи 2010-та за година на борба против сиромаштијата и социјалната нееднаквост

На официјална церемонија во Мадрид, денеска Европската комисија и шпанското претседателство со Европската унија, ќе ја прогласат 2010-та за година на борба против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, под мотото „Да ја спречиме сиромаштијата сега!“

Прочитај повеќе

Европски народен правобранител 2014 21,01,10...



Четврток, 21 јануари 2010 година

Никифорос Дијамандурос - европски народен правобранител до 2014 година

Европскиот парламент го реизбра г. Никифорос Дијамандурос од Грција за европски народен правобранител до 2014 година. Реизбраниот народен правобранител, кој е на оваа позиција од 2003 година, ја доби поддршката на 340 европратеници за време на вчерашното тајно гласање во Стразбур. Други двајца кандидати за оваа функција беа г. Пјер Ив Моне од Белгија, кој доби 289 гласа и г. Виторио Ботоли од Италија, за кого гласаа 19 европратеници

Прочитај повеќе
1...343536                                     
Click