Соопштенија

Среда, 3 февруари 2010 година

Учество на пратеникот Петар Поп Арсов на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на државите-членки на Европската унија-КОСАК

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп Арсов од 4 до 6 февруари 2010 година, ќе учествува на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на државите- членки на Европската унија-КОСАК, што ќе се одржи во Мадрид.

На Конференцијата министерот за надворешни работи г. Мигуел Анхел Моратинос ќе говори за приоритетите на шпанското претседавање со Европската унија, а свое обраќање  во врска со економската криза во Унијата, ќе има и вториот заменик  на премиерот и министер  за финансии во Владата на Кралството Шпанија,  г-ѓа  Елена Салгадо Миндез.
Click