Соопштенија

Среда, 10 март 2010 година

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија на РОС-РОТ семинар во Ерменија 

Делегација на Собранието на Република Македонија учествува на РОС-РОТ семинар во организација на Парламентарното собрание на НАТО во соработка со парламентот на Ерменија, што ќе се одржи од 10 до 13 март 2010 година во Ереван, Ерменија. Делегацијата ја сочинуваат пратениците: Талат Џафери, шеф на Делегацијата, Владо Бучковски и Павле Трајанов, членови на Делегацијата.  

Семинарот нема да биде посветен само на ерменските односи со НАТО и ЕУ, туку ќе се разгледуваат и регионалните безбедносни прашања, како што се енергетската безбедност, Северен Кавказ, политичкиот развој, цивилното општество, како и нерешените проблеми во регионот.

На РОС-РОТ семинарите вообичаено учестуваат од 100 до 140 учесници, пратеници од земјите-членки на НАТО и земјите-партнери, претставници на владите, НАТО, меѓународни организации, универзитети, невладини и тинк-тенк организации.

На семинарите се настојува да се обезбеди баланс на различни национални перспективи. Генералната цел на семинарите е да се олесни дијалогот на парламентарно ниво за важни безбедностни прашања меѓу земјите-членки на НАТО и земјите-партнери на НАТО.

Click