ЕУ вести



Среда, 14 декември 2011 година

Предлог за поедноставно враќање на визите за Западен Балкан

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија предложија механизам, според кој, по итна постапка, во вонредни ситуации, може да се вратат визите за некоја земја од Западен Балкан, во случај на голем наплив на мигранти. За да стапи на сила, оваа одлука треба да ја усвои Европскиот парламент.

Ова значи поедноставување на досегашната практика. Досега за повторно воведување на визен режим за која било земја, потребна беше согласност од сите земји-членки на ЕУ на ниво на шефови на држави и влади. Со новиот предлог, за тоа ќе може да одлучуваат министрите за внатрешни работи на Шенген-зоната.

Што се однесува на визната либерализација, беше донесена и одлука Лихтенштајн на 19 декември да стане полноправен член на Шенген-зоната.

Инаку, шенгенските одредби вклучуваат заеднички правила за сите земји-членки во врска со визите и азилот, контролата на надворешните граници и прекуграничната полициска соработка. Секоја држава редовно се оценува со цел да се осигура дека сите подеднакво ги применуваат шенген правилата.

 

Click