Најави

Четврток, 22 септември 2011 година, 10,00 часот, Сала 4
 
КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

 
Предлог на дневен ред:


1. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот ХЕ Бошков мост, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој  и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка;

2.  Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – II фаза, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка;

3. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали во основни училишта и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Македонија, по скратена постапка;

4. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со прв дел од заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за изградба на автопатот на Коридор Х, на делницата Демир Капија – Смоквица, по скратена постапка;

5. Предлог на закон за задолжување на Град Скопје кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот „Со нови концепти за ефикасен сообраќај кон почисто Скопје“ без издавање на државна гаранција, по скратена постапка.

Click