Најави



Четврток, 14 јули 2011 година, 12,00 часот, Сала на „Борис Трајковски“

КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА

Предлог на дневен ред:

1. Предлог на одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио - телевизија за редовни и инвестициони активности на телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2011 година;

2. Предлог на одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2011 година;

3. Предлог на одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио - телевизија за редовни и инвестициони активности наменет за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија за 2011 година;

4. Предлог на одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2011 година;

5. Предлог на одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2011 година;

6. Предлогот на одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио - телевизија за редовни и инвестициони активности на втор телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2011 година;

7. Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија во 2010 година;

 8. Финансиски план за редовно работење на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за 2011 година;

 9. Годишен извештај за работата на Советот за радиодифузија за 2010 година;

 10. Годишен финансиски план на Советот за радиодифузија за 2011 година;

 11. Годишен финансиски извештај на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2010 година;

 12. Извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2010 година;

 13. Предлог на одлука за давање согласност на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2011 година;

 14. Предлог на одлуката за давање согласност на годишен финансиски план на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2011 година;

 15. Годишен финансиски извештај на Агенцијата за цивилно воздухопловство за периодот од 15 октомври 2010 година до 31 декември 2010 година;

 16. Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2010 година;

 17. Годишен  извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2010 година;


Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Владимир Ѓорчев, Светлана Јакимовска, Силвана Бонева, Александар Николоски, Александар Спасеновски, Косана Николиќ Мазнева, Илија Китаноски, Амди Бајрам.

Click