Најави

Вторник, 23 август 2011 година, 11,00 часот, Сала 1
 
ОСМА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 
Дневен ред:

 
1. Предлог за избор на членови на Советот за радиодифузија;

2. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за регулирање на режимот за локален граничен сообраќај;

3. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за преземање на лица со нелегален влез или престој;

4. Предлог на закон за ратификација на Протоколот за привилегии и имунитети на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа;

5. Предлог на закон за ратификација на Договорот за основање на Меѓународна Антикорупциска Академија како меѓународна организација;

6. Предлог на закон за ратификација на Договорот за воен грант меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Турција;

7. Предлог на закон за ратификација на Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора;

8. Предлог на закон за ратификација на Дополнетиот Протокол кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот Договор за слободна трговија;

9. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за заемно поттикнување и заштита на инвестиции;

10. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка за одбегнување на двојно оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход;

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија (прво читање);

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари (прво читање);

13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот (прво читање);

14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (прво читање);

15.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платите на судиите (прво читање);

16.  Предлог на закон за млади (прво читање);

17. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на личните податоци (прво читање);

18. Предлог на закон за дополнување на Законот за здруженија и фондации (прво читање);

19. Предлог на закон за дополнување на Законот за лобирање (прво читање);                                                                                                                                           

20. Предлог на закон за дополнување на Законот за вршење психолошка дејност (прво читање);

21. Предлог на закон за дополнување на Законот за адвокатура (прво читање);

22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (прво читање), под архивски број 07-3365/ 1;

23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (прво читање), под архивски број 07-3366/ 1;

24. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (прво читање);

25. Предлог на закон за дополнување на Законот за акцизите (прво читање);

26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари (прво читање);

27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (прво читање), под архивски број 07-3068/ 1;

28. Предлог на закон за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (прво читање), под архивски број 07-3069/ 1;

29. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост (прво читање);

30. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (прво читање);

31. Предлог на закон за дополнување на Законот за ревизија (прво читање);

32. Предлог на закон за дополнување на Законот за девизното работење (прво читање);

33. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (прво читање);

34. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на топографијата на интегралните кола (прво читање);                                                                                                                                   

35. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба (прво читање);

36. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (прво читање);

37. Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика (прво читање);

38. Предлог на закон за дополнување на Законот за градежните производи (прво читање);

39. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за техничка инспекција (прво читање);

40. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на конкуренцијата (прво читање);

41. Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на производите (прво читање);

42. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата (прво читање);                                                                                                               

43. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на предмети од скапоцени метали (прво читање);

44. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарното здравство (прво читање);

45. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за водните заедници (прво читање);                                                                                                                                   

46. Предлог на закон за дополнување на Законот за селекционерски права (прво читање);

47. Предлог на закон за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (прво читање);

48. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште  (прво читање);

49. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата (прво читање);                                                                                                                  

50. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња (прво читање);

51. Предлог на закон за дополнување на Законот за ловство (прво читање);

52. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно - медицински препарати (прво читање);

53. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните (прво читање);

54. Предлог на закон за дополнување на Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја (прво читање);

55. Предлог на закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала (прво читање);

56. Предлог на закон за дополнување на Законот за јавно здравје (прво читање);

57. Предлог на закон за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување (прво читање);                                                                                                            

58. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци (прво читање);

59. Предлог на закон за дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања (прво читање);

60.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа (прво читање);

61. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица (прво читање);

62. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард (прво читање);

63. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование (прво читање);

64. Предлог на закон за дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (прво читање);

65. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата (прво читање);

66. Предлог на закон за дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (прво читање);

67. Предлог на закон за дополнување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти (прво читање);

68. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство (прво читање);                                                                                                                                    

69. Предлог на закон за дополнување на Законот за Филмскиот фонд на Република Македонија (прво читање);      

70. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од експлозивни материи (прво читање);

71. Информација за состојбата на медиумите, медиумскиот простор и новинарство во Република Македонија, поднесена од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голупчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски и Ивон Величковски.

 
Click