Најави



Петок, 30 септември 2011 година,  10,00-10,10 часот, Сала „Борис Трајковски“

Прва работилница за пратеници за Институционалната рамка на ЕУ и Местото на националните парламенти 

- Oтворање на семинарот и вовед во програмата за обука на проектот ИПА-ТПП

- Инес Бирзниеце, лидер на тимот и д-р Золтан Хорват, клучен експерт 2 – Законодавна обука, подготовка и реализирање на обуките

 
10,10-10,25 часот

- Презентација за првата тема:
Институционалната структура на ЕУ


Д-р Золтан Хорват

  • Местото на институциите на ЕУ
  • Интересите кои ги застапуваат институциите на ЕУ
  • Општите односи помеѓу институциите на ЕУ


10,25-11,00 часот

- Презентација за втората тема: 
Улогата и функционирањето на главните институции и актери во ЕУ (особено нивната  улога во процесот на проширување)

Инес Бирзниеце 

  • Краток вовед во улогата, составот и функционирањето на Европската комисија
  • Краток вовед во улогата, составот и функционирањето на Советот на ЕУ
    - Особен осврт на Претседателството на Советот
  • Краток вовед во улогата, составот и функционирањето на Европскиот совет
     - Особен осврт на неговиот постојан претседател
  • Краток вовед во улогата на високиот претставник на Унијата за надворешни прашања и безбедносна политика и Европската служба за надворешнo дејствување (EEAS)
  • Краток вовед во улогата, составот и функционирањето на Европскиот парламент
  • Краток вовед во улогата, составот и функционирањето на Судот на правдата на Европската унија
  • Кои се играчите во ЕУ и нивната улога во политиката за проширување


11,00-11,30 часот

- Презентација за третата тема:
Донесување на одлуки во ЕУ – механизми и постапки според Договорот од Лисабон

Д-р Золтан Хорват

  • Разните интереси во донесувањето на одлуки
    - Интересите на Европската унија
    - Националните интереси
    - Политички интереси
    - Интересите на граѓаните
    - Економски и социјални групи на интереси
    - Лобирања
    - Регионални и локални интереси
  • Општиот механизам на донесување на одлуки во ЕУ
  • Постапките за донесување на одлуки по Договорот од Лисабон
    - Вообичаени законодавни постапки
    - Посебни законодавни постапки
  • Консултации
  • Согласност
  • Заемна согласност
  • Буџет
    - Незаконодавни постапки
  • Информации
  • Заедничка надворешна и безбедносна политика
  • Инструментот за меѓуинституционални договори


11,30-12,00 часот

- Сесија за прашања и одговори, размена на мислења
 
 
 Втора работилница за пратеници: За улогата на националните парламенти по Договорот од Лисабон

 

13,00-13,10 часот

- Oтворање на семинарот и вовед во програмата за обука на проектот ИПА-ТПП 

Инес Бирзниеце, лидер на тимот и д-р Золтан Хорват, клучен експерт 2 – Законодавна обука, подготовка и реализирање на обуките 

 
13,10-13,40 часот

- Презентација за првата тема:
Местото и улогата на националните парламенти во структурата на Европската унија


Инес Бирзниеце 

  • Предизвиците за националните парламенти поврзани со законодавството на ЕУ и донесувањето на одлуки
  • „Уставната” улога на националните парламенти во правната рамка на ЕУ
    - Функцијата на одобрување на договори
  •  Губењето на законодавните надлежности поврзани со членството во ЕУ
    - Дали се парламентите институционалните губитници од членството во ЕУ?
  • Правната рамка за националните парламенти – Патот до Договорот од Лисабон
    - Договорот од Мастрихт
    - Договорот од Амстердам
    - Договорот од Ница
    - Европската конвенција
    - Вовед во раѓањето на Протоколите од Договорот од Лисабон


13,40-14,25 часот

Презентација за втората тема:
Функцијата на националните парламенти во сегашната ЕУ според Договорот од Лисабон


Д-р Золтан Хорват

  • Уставните функции на националните парламенти на државите-членки на ЕУ
  • Функции на правење проверка од страна на националните парламенти на државите-членки на ЕУ
  • Постапки за проверка на супсидијарноста
    -   Постапка „ Жолта карта“ 
    -   Постапка „Портокалова карта“
  • Дипломатски функции - Функционирањето на меѓупарламентарната рамка на ЕУ
  • Вклученоста на граѓанското општество во донесувањето на одлуки во ЕУ
    -   Улогата на националните парламенти на медијатори
  • Улогата на националните парламенти на државите-членки на ЕУ во политиката за проширување
    -   Пристапувањето на државите-кандидатки


14,25-15,00 часот

- Сесија за прашања и одговори, размена на мислења

Click