2011



Петок, 18 февруари 2011 година

Единствен пристап за квалитетно предучилишно образование

Европската комисија на 17 февруари оваа година за прв пат промовираше акционен план со цел на секое дете да му се обезбеди подобар живот и да се постават темели за успешно доживотно учење, личен развој, социјална интеграција како и можности за вработување подоцна во животот.

Во 2009 година министрите за образование на ЕУ поставија цел, 95% од децата на возраст од четири години да добиваат предучилишно образование и грижа. Моменталниот просек во ЕУ е 92,3%, истиот варира и не го одразува во целост квалитетот на обезбедените услуги. Предлозите на Комисијата доаѓаат како одговор на барањето на земјите-членки, од мај 2009 година и усвојувањето на Стратешката рамка за соработка во образованието и обуката.

Комисијата повикува на: универзален пристап за квалитетно предучилишно образование врз база на стабилно финансирање и добро управување; потреба за интегриран пристап до образованието и грижата, водејќи сметка за потребите на децата; соодветна наставна програма според возраста на децата; зголемено фокусирање на професионализација на вработените (соодветни квалификации, примања и работни услови) и квалитетни системи и стандарди за следење на напредокот.

Плановите на Комисијата ќе придонесат за трите цели од Стратегијата ЕУ 2020: иницијативите „Млади во движење", „Агендата за нови вештини и работни места" и „Европската платформа против сиромаштија". Се очекува во мај оваа година да се дискутира за предлозите на Комисијата од страна на министрите за образование.

Click