2011



Среда, 30 март 2011 година

ЕВРОПА ИМА ПОТРЕБА ОД ИНТЕГРИРАНА ПОЛИТИКА НА ВОДИТЕ

На состанокот на Советот за животна средина одржан на 25 март оваа година, беше констатирано дека е потребен интегриран пристап за иднината на водните ресурси во Европа. Различните политики на Унијата треба да бидат координирани со цел да се обезбеди заштита на водите. 

Целта на Унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да го олесни донесувањето на заклучоци за одржливо користење на водата, од страна на Советот за животна средина што се очекува да се одржи во јуни.

Во пораката до Европската комисија, беше нагласена потребата за интегрирана политика за управување со водите, која ќе постави среднорочни и долгорочни цели и способност за справување со предизвиците од климатските промени.

Пред состанокот на Советот, министрите присуствуваа на научна конференција на Унгарската академија на науките. Во текот на дискусиите, министри од пет европски земји потпишаа Меморандум за разбирање за воспоставување на прекуграничен природен резерват-биосферен резерват, кој ќе се наоѓа на брегот реките Мура, Драва и Дунав на територијата на пет земји. Три од земјите: Австрија, Словенија и Унгарија се членки на ЕУ, една земја Хрватска е кандидат за членство и Србија која не е членка на ЕУ. Во Унгарија постојат пет биосферни резервати, но овој ќе биде прво заштитено подрачје вон државните граници. Петте земји ќе треба да формираат координативно тело од петнаесет членови заради дефинирање на неопходните чекори за воспоставување на биосферниот резерват.
 

 

Click