2011

Понеделник, 10 јануари 2011 година

Европска година на волонтерството

Во текот на 2011 година ќе се спроведува кампањa со кoja во Европската унија ќе се одбележи волонтерската работа. Кампањата ќе биде во насока на поттикнување на волонтерството, ќе се потенцираат предизвиците со кои се соочуваат волонтерите.

Целта на Европската година на волонтерството е да се охрабрат што е можно повеќе луѓе да волонтираат, преку поедноставување на волонтирањето, наградување на волонтерите преку формално признавање на стекнати вештини, подобрување на  квалитетот на волонтирањето преку обезбедување на обуки и подигнување на свеста за вредноста на волонтирањето. Во текот на годината ќе се одржат четири конференции на кои ќе се дискутира за клучни прашања од аспект на волонтерството.

Волонтерската активност ги спојува сите заедници, за волонтерите тоа е начин со кој се остварува придонес во општеството и стекнување на нови вештини. Волонтерството се појавува во различни форми: помагање во училишта, болници или добротворни организации. Денес околу 20% од граѓаните во Европа го користат своето време на волонтирање.

Европската унија посветено работи на промовирање на волонтерството, во 1996 година воспоставена е Европската волонтерска служба за да се охрабрат младите да волонтираат надвор од државата, во локалните општини.

Европската година на волонтерството се совпаѓа со програмата на Обединетите нации за обележување на десетгодишнина од Меѓународната година на волонтерите.

Click