2011



Понеделник, 11 април 2011 година

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА

Под мотото „Енергија за одржлива иднина“, денес започнува Европската недела на одржлива енергија, која ќе се одбележува во 44 земји, меѓу кои и во Република Македонија. Ова е клучен годишен настан од европската кампања за одржлива енергија која придонесува за постигнување на целите од ЕУ 2020, поврзани со енергетската политика.

Европската недела на одржлива енергија вклучува тридневна конференција организирана од Извршната агенција за конкурентност и иновации (EACI) во име на Европската комисија и Генералниот директорат за енергетика. Во рамките на конференцијата предвидена е и церемонија на доделување на награда за најдобри проекти од областа на одржлива енергија. Комесарот за енергетика, г. Гинтер Ојтингер, на 12 април ќе го отвори настанот на кој ќе се осврне на прашања од областа на енергетската ефикасност. Останати теми за кои ќе се дискутира се: обновливите извори на енергија, технологии за намалување на емисиите на јаглеродниот диоксид и одржлив урбан транспорт.

Околу 30.000 учесници ќе бидат дел од 600 настани ширум Европа.

Република Македонија како земја учесничка, ги организира следниве настани:

  • 11 април, ЕУ Инфоцентар: Панел дискусија за предизвиците и можностите на македонскиот енергетски систем,
  • 12-17 април, Музеј на Македонија: Изложба на тема: сонце, ветер, вода, почва и
  • 16 април, Плоштад Македонија-едночасовно возење со алтернативни превозни средства.

Повеќе информации на следниот линк: http://www.eusew.eu/

Click