2011



Вторник, 29 март 2011 година

СЕМЕЈНАТА ПОЛИТИКА ВО ФОКУСОТ НА УНГАРСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Важноста на семејството и децата, инверзијата на неповолните демографски трендови во Европа, ќе бидат на агендата на Унгарското претседателство со ЕУ за време на Европската недела посветена на популацијата и семејните прашања, која на 26 март оваа година, беше отворена со посебна прес-конференција во Будимпешта, Унгарија. Во периодот од 28 март и 2 април, Европската недела „Европа за семејствата, семејствата за Европа“, ќе вклучува меѓународни, стручни, научни и граѓански конференции и неформален состанок на министрите за демографија и семејни прашања.

Според унгарскиот министер за европски прашања, г-ѓа Енико Гјори, „Унгарското претседателство сака да креира традиција, ставајќи ги семејството и семејните политики во центарот на вниманието“. Усвојувањето на пакетот од шест закони е со цел зајакнување на буџетот и макроекономската супервизија и е приоритет за Унгарското претседателство. Причината за ова е реформата на економското управување на ЕУ, која главно има за цел да ги спречи земјите-членки од финансирање на нивните трошоци со задолжување кое ќе се одрази на штета на идните генерации. Предлогот на Унгарското претседателство е 2014 година да биде прогласена како година на семејствата.

Во следните неколку дена во Унгарија ќе се одржат настани од областа на работењето и семејната рамнотежа, кои ќе завршат на 4 април со неформален состанок на министрите на ЕУ за семејни работи.

Click