2011



Петок, 24 јуни 2011 година

СИЛЕН ПОТТИК ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЗАШТЕДА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Европската комисија во март оваа година објави План за енергетска ефикасност како инструмент за активирање на процесот на обнова кај јавниот и приватниот сектор за градење, подобрување на енергетските перформанси на корисничките уреди и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата и индустријата.

На 22 јуни Комисијата презентираше нов законодавен предлог - директива за енергетска ефикасност, со која клучните активности предложени во Планот за енергетска ефикасност ќе станат обврзувачки мерки за земјите-членки на Унијата. Предложениот нов пакет на мерки на Комисијата е во насока на зголемување на енергетската ефикасност и стекнување на значајни придобивки за домаќинствата, претпријатијата и државните органи. Со предложените мерки земјите-членки на ЕУ поефикасно ќе ја користат енергијата, во сите фази - од трансформација на енергијата, дистрибуција до крајната потрошувачка.

Амбициозните мерки предложени од Комисијата се однесуваат на следното:

  • законска обврска за воведување на шеми за енергетска заштеда во сите земји членки на ЕУ. Енергетските дистрибутери или компаниите за продажба на енергија на мало ќе бидат обврзани годишно да остварат заштеда од 1,5% од нивната продажба на енергија и да ги имплементираат на мерките за енергетска ефикасност (преку подобрување на ефикасноста на грејните системи, инсталирање на двојни прозори и покриви со изолација кај сите крајни потрошувачи).
  • јавниот сектор и државните органи да имаат водечка улога во поттикнување на пазарот на енергетски ефикасни и услуги. Постепено да се намалува потрошувачката на енергија во просториите на државните органи.
  • потрошувачите ќе имаат лесен и бесплатен пристап до податоците за потрошена енергија преку попрецизни индивидуални бројачи со што ќе можат подобро да управуваат со потрошувачката и да остварат заштеда на енергија
  • во индустријата ќе се стимулираат малите и средни претпријатија да вршат енергетска ревизија и да применуваат најдобри практики. Големите компании ќе треба да извршат ревизија на потрошувачката на енергија со цел да идентификуваат потенцијал за енергетска заштеда.
  • следење на степенот на ефикасност кај новите капацитети за производство на енергија, воведување на национални планови за греење и ладење како база за планирање на ефикасна инфраструктура.
  • да се постигне ефикасност во преносот и дистибуцијата на енергија, така што националните енергетски регулатори да ја земат во предвид енергетската ефикасност при донесувањето на нивните одлуки, особено при одобрувањето на мрежните тарифи.

Предлозите на Комисијата се во насока на повикот за превземање на акција од состанокот на Европскиот совет во февруари оваа година, Енергетскиот Совет и Европскиот парламент, за постигнување на целите за намалување на потрошувачката на енергијата за 20% до 2020 година. Со новата директива се предвидува до 2014 година Комисијата да изврши проценка на постигнатиот напредок во исполнување на целта за намалување на енергетската потрошувачка од 20% до 2020 година.

Доколку се оцени дека е потребно ќе се предложат нови законски предлози за поставување на задолжителни национални цели за енергетска ефикасност.

Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/energy/efficiency/eed/eed_en.htm

Click