2011



Вторник, 29 март 2011 година

СТРАТЕГИЈА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА КОНКУРЕНТЕН ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ ДО 2050 ГОДИНА - ВИЗИЈА ЗА МЕЃУСЕБНО ПОВРЗАНА ЕВРОПА

Европската комисија, на 28 март годинава, усвои сеопфатна стратегија за конкурентен транспортен систем со цел создавање на единствена европска транспортна област, целосно интегрирана транспортна мрежа со поголема конкуренција, за зголемување на мобилноста и отстранување на пречкитe во повеќе клучни области.

Транспортот е од витално значење за економијата, порастот на работните места и за квалитетот на животот. Плановите за поефикасен транспорт ќе ги поврзуваат патиштата во Европа, железничките, воздушните и водените мрежи, со цел да се намали зависноста на Европа од увозната нафта како и намалување на емисиите на стакленичките гасови од транспортот на 60% до 2050 година. Со мерките за поттикнување на поголеми инфраструктурни инвестиции, промената на начинот на движење на превозот и патувањето на луѓето, ќе се зајакне економската конкурентност и ќе се креираат нови работни места.

Планот со целите што треба да се остварат до 2050 година, се фокусирани на патувањата во и меѓу градовите, како и на подолги дестинации. За да се постигнат целите, потребна е трансформација на постојниот транспортен систем во ЕУ. За следната декада планирани се околу 40 конкретни иницијативи. До 2020 година ќе се изврши поврзување на информациите за патниците во Европа и товарниот превоз, управувањето и платежните системи, а до 2050 година сите поголеми аеродромски центри ќе треба да имаат брзи конекции со железничка мрежа. Сите битни пристаништа ќе треба да бидат поврзани со железничка товарна мрежа.

Европската унија ќе ги прошири и координира принципите „корисникот плаќа“ и „загадувачот плаќа“, за финансирање на транспортната инфраструктура. Другите мерки ќе бидат: поттикнување на нови технологии на мотори, горива и системи за управување на сообраќај; до 2020 година координирање на управувањето на националните системи за контрола на воздушниот сообраќај преку Програмата на ЕУ за единствено европско небо со проширување во Единствена европска воздухопловна област со 58 земји;  развивање на интелегентни системи за управување со превоз; намалување за половина на жртвите во патничниот превоз до 2020, со можност за намалување на стапката до нула до 2050 година.

Click