2011



Вторник, 4 јануари 2011 година

Унгарското претседателство со Советот на Европската унија

Агендата на програмата на Унгарското претседателство суштински е дефинирана од потребата за справување со последиците на економската криза и воведување на нови форми на соработка.

Европската унија треба да биде подобро подготвена за евентуални кризни ситуации во иднина. Постои потреба за воведување на постојан механизам за управување со кризи, подобрување на економската координација и построги контроли за финансиска  дисциплина.

Унгарското претседателство ќе се концентрира на четири главни области: развој и вработеноста за зачувување на европските социјални достигнувања, зајакнување на Европа, Унија поблиска до своите граѓани, проширувањето и добрососедската политика. Претседателството ќе се фокусира на граѓаните кои претставуваат основа за паметен, одржлив и инклузивен развој од секој аспект-од економските прашања до заедничките политики и проширувањето. Силна Европа е можна само преку сопствениот народ и неговиот креативен потенцијал.

Во текот на првата половина од 2011 година, Европа треба да се концентрира на зајакнување на економијата, отворање на нови работни места, одржување на економскиот раст и неповратно заздравување од кризата. Стратегијата ЕУ 2020 обезбедува цврста основа за зголемување на вработеноста, зајакнување на регионалната и социјална кохезија, подобрување на способностите за иновации на претпријатијата.

Оваа 2011 ќе биде година на акција, ќе започне имплементација на одлуките донесени во 2010 година и ќе се користат можностите понудени преку новите политики воведени со Лисабонскиот договор. Покрај перспективните долгорочни мерки, Унгарското претседателство ќе направи силни напори за да се обезбеди усвојување на буџетот за 2011 година, во најкраток можен рок.

http://www.eu2011.hu/

 

 

Click