Четврток, 24 ноември 2011 година
Десетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Десеттата седница, одржана на 21 ноември 2011 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за регистрирање на подземни и надземни инфраструктурни објекти и придружни инсталации - II читање.
По овој Предлог-закон беа поднесени вкупно 12 амандмани, од кои 5 не беа усвоени, а по останатите 7 амандмани не се водеше претрес од причина што предлагачите ги повлекоа истите.
На крајот од расправата, Предлог-законот за регистрирање на подземни и надземни инфраструктурни објекти и придружни инсталации, Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Во рамките на Комисијата беше донесена и одлуката за заклучување на 5. седница (надзорна расправа).