Петок, 4 ноември 2011 година
Петта седница на Комисијата за образование, наука и спорт
Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на Петтата седница, одржана на 2 и 3 ноември 2011 година, ги разгледа:
- Предлогот на закон за млади (второ читање);
- Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (I фаза);
- Статутарната одлука за дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (I фаза);
- Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип (I фаза).
На седницата, Комисијата не даде забелешки по трите Статутарни одлуки и го прифати Мислењето на Владата на Република Македонија по Одлуките.
Комисијата за образование, наука и спорт ѝ предлага на Законодавно-правната комисија да ги вгради забелешките од Мислењето на Владата на Република Македонија и да ги достави до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и до Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Материјалот на Предлогот на закон за млади (второ читање) беше повлечен.