Среда, 2 ноември 2011 година
Петта седница на Комисијата за труд и социјална политика
Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Петтата седница, одржана на 1 ноември 2011 година, како матично работно тело ги разгледа:
- Предлог законот за европскиот работнички совет во второ читање;
- Предлог законот за изменување и дополнување на законот за работните односи во прво читање.
По Предлог-законот за европскиот работнички совет во второ читање беа поднесени два амандмани, од кој еден беше едногласно усвоен и еден неусвоен.
Во расправата по Предлог-законот за европскиот работнички совет учествуваа пратениците: г-ѓа Билјана Казанџиска, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Радмила Шекеринска, г. Самка Ибраимоски, г-ѓа Сузана Анова, заменик-министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими, повереникот г. Стојан Трајанов, претставникот на Конфедерацијата на независни синдикати на Македонија, г. Раско Мишковски, претставникот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски и претставникот на Организација на работодавачи на Македонија, г. Раде Ненадиќ.
Согласно член 155 од Деловникот на Собранието на Република Македонија исполнети се условите за изготвување на дополнет предлог на Предлог-законот за европскиот работнички совет.
Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за работните односи во прво читање го образложи заменикот на министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими, согласно образложението кое е составен дел од предлогот на законот.
Во расправата по овој Предлог на закон учествуваа: пратениците: г-ѓа Соња Мираковска, г-ѓа Радмила Шекеринска, г. Самка Ибраимоски, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Неџати Јакупи, г-ѓа Весна Бендевска, г-ѓа Бети Кузмановска и г-ѓа Станка Анастасова, како и претставникот на Конфедерацијата на независни синдикати на Македонија, г. Раско Мишковски, претставникот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски и претставникот на Организација на работодавачи на Македонија, г. Раде Ненадиќ.
На крајот од расправата, Комисијата за труд и социјална политика оцени дека Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за работните односи е прифатлив и може да се даде на натамошно, односно второ читање.