Понеделник, 28 ноември 2011 година
Седма седница на Комисија за надворешна политика
Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на Седмата седница, одржана на 24 ноември 2011 година, ги разгледа:
- Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Одборот на директори на Регионалниот центар за Централна и Источна Европа за регулирање на правниот статус на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа во Република Македонија;
- Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност и Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на лица со инвалидност;
- Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за условите за патување на државјаните на двете земји;
- Предлог-законот за ратификација на Договорот за оперативна и стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Европската полиција.
На седницата на Комисијата, во својство на повереници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Горан Стевчевски и г. Звонимир Поповиќ, државни советници во Министерството за надворешни работи.
По Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност и Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на лица со инвалидност, зема учество членот на Комисијата, г-ѓа Лилјана Поповска.
На крајот од расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа горенаведените Предлог-закони и истите да ги донесе.