Берн 2, 19.10.2011...



Среда, 19 октомври 2011 година, Берн

Во рамките на 125. Собрание на ИПУ се одржа дебата за реформа на финансиските пазари

На седницата на Управниот совет на Интерпарламентарната унија, беше усвоена Стратегијата на Интерпарламентарната унија 2012-2017, како и буџетот на организацијата за 2012 година, со намалување од 7% во однос на 2011 година, односно намалување од 9% во просек на членарините на земјите-членки, имајќи ги предвид финансиските мерки за штедење на националните парламен

Прочитај повеќе

Вељаноски оствари средба со Емирот на Државата Катар...



Вторник, 18 октомври 2011 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со емирот на Државата Катар, неговото височество шеикот Хамад бин Калифа ал Танин

На самиот почеток на средбата, претседателот Вељаноски искажа уверување дека посетата значително ќе придонесе за натамошно унапредување на соработката со Државата Катар и размена на мислења по сите прашања од заеднички интерес на билатерален и мултилатерален план. Тој искажа задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји, кои ги карактеризира висок степен на пријателство и разбирање, при што нагласи дека постои голем потенцијал за натамошно унапредување во сите области од заеднички интерес, особено во економската сфера, со цел реализација на конкретни проекти за инвестирање во Република Македонија.

Прочитај повеќе

„Енергија-Развој-Демократија: Моделирање на новата енергетс...



Вторник, 18 октомври 2011 година, Белград

Конференција за „Енергија-Развој-Демократија: Моделирање на новата енергетска иднина на ЈИЕ“

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, заменик-претседател на Комисијата за економски прашања и пратениците: г. Миле Андонов, г. Неџати Јакупи, г. Николче Ацевски и г. Сафет Бишевац, на 17 и 18 октомври 2011 година, учествува на Конференција на тема „Енергија-Развој-Демократија: Моделирање на новата енергетска иднина на ЈИЕ“, која се одржува во Белград, Република Србија

Прочитај повеќе

Берн 1, 17.10.2011...



Понеделник, 17 октомври 2011 година, Берн

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на 125. Собрание на Интерпарламентарната унија

На седницата на Управниот совет на Интерпарламентарната унија, што се одржа денеска, беше презентиран извештајот за активностите на членките на Унијата, во кој во повеќе наврати се истакнати активностите на Собранието на Република Македонија

Прочитај повеќе

Потребна е поддршка на проектираниот буџет на народниот пра...



Понеделник, 17 октомври 2011 година

Потребна е поддршка на проектираниот буџет на народниот правобранител

Главните проблеми на институцијата Народен правобранител остануваат ограничените буџетски ресурси и непочитувањето на одлуките на народниот правобранител од страна на државните институции – беше истакнато на денешната средба на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија со г. Тимо Манинен, експерт-евалуатор

Прочитај повеќе

Осма седница на Законодавно-правната комисија 14,10,11...



Петок, 14 октомври 2011 година

Осма седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на Осмата седница, одржана денеска, го разгледа

Прочитај повеќе

Осма седница на Комисијата за финансирање и буџет 15.10.11...



Сабота, 15 октомври 2011 година

Осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Осмата седница, одржана на 12 октомври 2011 година, како матично работно тело го разгледа

Прочитај повеќе

Деветта седница на Комисија за финансирање и буџет 14,10,11...



Петок, 14 октомври 2011 година

Деветта седница на Комисија за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Деветта седница, како заинтересирано работно тело го разгледа

Прочитај повеќе

Осма седница на Комисијата за политички систем и односи меѓ...



Петок, 14 октомври 2011 година

Осма седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Осмата седница одржана на 13 октомври 2011 година, како матично работно тело го разгледа:

Прочитај повеќе

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ПО ПОВОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК...



Четврток, 13 октомври 2011 година

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ПО ПОВОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2011 ГОДИНА

Како што е веќе традиција, денеска и официјално ни беше предаден Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во процесот на интегрирање во Европската унија. Годинешниов Извештај, како и досегашните, е објективен приказ на сите оние позитивни промени кои сме ги направиле, но и прашањата и сферите на кои во иднина ќе треба да посветиме многу повеќе внимание

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со Парламентарна група од...



Четврток, 13 октомври 2011 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПАРЛАМЕНТАРНАТА ГРУПА НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА КУВАЈТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи им добредојде на гостите истакна дека двете држави негуваат пријателски односи и соработка, дека постојат иницијативи за соработка во сите сфери. Претседателот Вељаноски нагласи дека двете држави треба да работат на поттикнување и отворање на можности за продлабочување на економската соработка, како и соработката на парламентарно ниво и на сите останати сфери од заемен интерес

Прочитај повеќе

Средба на г. Антонио Милошоски со Делегација на Парламентар...



Четврток, 13 октомври 2011 година

Средба на г. Антонио Милошоски со Делегација на Парламентарната група на Народното собрание на Кувајт

Во однос на политичкиот план, г. Милошоски односите ги окарактеризира со меѓусебно почитување и со волја за значително унапредување, воедно потсети на склучениот договор за заемна поддршка во однос на кандидатурата на двете земји за членство во Советот за човекови права за периодот 2013-2016 година.

Прочитај повеќе

Воспоставувањето на амбасади и засилена економска соработка...



Четврток, 13 октомври 2011 година

Воспоставување на амбасади и засилена економска соработка – важна цел во односите меѓу Македонија и Кувајт

Македонија и Кувајт се пријателски земји кои треба да ја интензивираат  економската соработка, бидејќи имаат заеднички интереси. За засилување на соработката, најпрво треба да се решат многу проблеми, како визниот режим, авионските линии, амбасадите и слично - беше истакнато на денешната средба меѓу Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток и Делегацијата на Парламентарната група на Народното собрание на Кувајт за пријателство со Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Обраќањето на претседателот Вељаноски на темата „Безбедносн...



Среда, 12 октомври 2011 година, Будимпешта

Обраќањето на претседателот Вељаноски на тема „Безбедносните димензии на соработката на Западен Балкан“

Република Македонија е активен поддржувач на регионалните иницијативи и процеси и преку нив конкретно ја манифестира својата политичка заложба за цврста регионална соработка и поддршка на земјите во Регионот. Ние сме убедени дека со основните постулати на нашата надворешна политика, разрешувањето на отворените прашања по пат на дијалог и подготвеност за соработка со соседите придонесуваме за стабилноста на регионот, Европскиот континент и светот во целина.

Прочитај повеќе

Средба на Вељаноски со Ковер...



Среда, 12 октомври 2011, Будимпешта

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ НА УНГАРИЈА, Г. ЛАСЛО КОВЕР

На средбата меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски и претседателот на Националното собрание на Унгарија, г.Ласло Ковер беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете пријателски земји. Соработката интензивно се одвива на сите нивоа, за што сведочат неодамнешните средби и посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Република Македонија. На парламентарно ниво соработката успешно се одвива на ниво на комисии, пратенички групи и на највисоко претседателско ниво, а се имплементира и Меморандумот за парламетарна соработка потпишан пред неколку години

Прочитај повеќе
1...678...12             
Click