ЕУ вести

Среда, 23 мај 2012 година

Албанија – нов претседавач со Комитетот на министри

За прв пат, Република Албанија стана претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, под мотото „Обединети во различностите“.

Преземајќи ја оваа улога од Велика Британија, Република Албанија ќе претседава со Комитетот на министри сè до 9 ноември годинава, кога за наследник ќе ја добие Андора.

При претставувањето на приоритетите на претседавањето, албанскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, г. Едмонд Хаџинасто, го издвои „заедничкото живеење со различностите“ како главен предизвик на 21. век.

Во шестмесечното претседавање, Република Албанија ќе има шанса да даде свој придонес во промовирањето на човековите права, основните слободи и законодавство.

Инаку, Република Македонија веќе претседаваше со Комитетот на министри на Советот на Европа, во периодот мај - ноември 2010 година.
Click