ЕУ вести

Среда, 27 јуни 2012 година

Црна Гора в петок започнува преговори за членство во ЕУ

Советот на министри на Европската унија одобри почеток на преговори за членство на Црна Гора во ЕУ, за време на вчерашниот состанок во Луксембург. Оваа одлука в петок треба да ја потврди Европскиот совет на Самитот на шефови на држави и влади на ЕУ, кој ќе се одржи во Брисел.

„Советот ја усвои оценката на Комисијата дека Црна Гора постигнала неопходен степен на усогласеност со критериумите за членство“ - се вели во дел од заклучоците на Министерскиот совет на ЕУ.

Министрите ја овластија европската полициска служба - Европол да направи извештај за организираниот криминал во Црна Гора, кој ќе биде вметнат во материјалите на Комисијата за време на процесот на мониторинг.

Инаку, Црна Гора доби статус земја-кандидат за членство во Унијата во декември 2010 година, а Европскиот совет една година подоцна донесе одлука оваа балканска земја да ги започне пристапните преговори за членство во јуни 2012 година, доколку ги исполни поставените услови.

 
Click