ЕУ вести



Среда, 2 мај 2012 година

Европарламентот ќе доделува „Европска граѓанска награда“

Европратениците избраа 61 кандидат од 19 земји-членки на Европската унија, кои ќе се борат за годишната „Европска граѓанска награда“, која ја доделува Европскиот парламент за исклучителни постигнувања на Европејците. 

Наградата се доделува за активности кои ја олеснуваат прекуграничната соработка во рамките на ЕУ или поттикнуваат подобро заемно разбирање и потесна интеграција меѓу граѓаните и земјите-членки. Исто така, наградата може да се додели за секојдневни активности кои ги одржуваат вредностите содржани во ЕУ повелбите за основните права.

Во јуни, во Брисел, централното жири, на чело со претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе избере најмногу 50 победници, на кои ќе им бидат врачени медали.

Од 2008 година, секој европарламентарец може да номинира еден кандидат за оваа награда, а избраните можат да бидат граѓани, групи, здруженија или организации.

 

Click