ЕУ вести

Петок, 6 јули 2012 година

Каде во Европа е најдобро за капење?

Хрватска, Грција, Кипар и Малта се топ земјите за капење во Европа – покажа годинешниот извештај на Европската агенција за животна средина, базиран на испитувањата спроведени на повеќе од 22.000 зони за капење на Стариот континент.

Според тестовите, 90% од местата за капење во овие четири земји се оценети како првокласни, а преостанатите ги задоволуваат стандардите.

Најслаби оценки добија Бугарија, Холандија, Летонија, Луксембург и Белгија, каде мал број ги исполнуваат минималните стандарди на ЕУ.

Инаку, местата за капење на плажите, реките и езерата низ Европа редовно се подложни на тестирања на штетни загадувачи и бактерии, како ешерихија коли, кои можат да укажат на присутност на отпадни води или сточен отпад.
Click