ЕУ вести

Вторник, 26 јуни 2012 година

Министерски состанок на ЕУ

Шефовите на дипломатиите на Европската унија, денеска, во Луксембург, ќе одржат состанок, на кој, меѓу другото, ќе се разговара за пристапниот процес за членство на Црна Гора во европското семејство, како и за евроинтеграцијата на Босна и Херцеговина.

Доколку сите 27 министри се сложат дека Црна Гора ги исполнила условите на ЕУ поврзани со сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, тогаш шефовите на државите и владите на ЕУ, на самитот кој следи на крајот од седмицата, ќе одобрат почеток на преговори.

Инаку, во фокусот на расправата на министрите ќе бидат санкциите против сирискиот режим, како и состојбата во Египет, а ќе стане збор и за новата кохезиона политика на ЕУ и финансиската рамка за периодот 2014-2020 година.

Со состанокот ќе претседава министерот за европски прашања на Кралството Данска, г. Николај Вамен.









 
Click