Понеделник, 11 јуни 2012 годинаПленарна седница на ЕвропарламентотЕвропскиот парламент од 11 до 14 јуни ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која ќе се разговара за економското управување, затегнување на фискалната дисциплина и поттикнување раст. Исто така, ќе стане збор за можни реформи на ЕУ буџетот 2014-2020 година.
Отворањето нови работни места мора да биде приоритет за Европа, се вели во резолуцијата која ќе се гласа в четврток. Истиот ден членовите на Европскиот парламент ќе гласаат и за резолуцијата за отворање на единствен пазар на ЕУ.
Европратениците ќе дебатираат и за актуелните состојби во Авганистан, Блискиот Исток, Тибет и Африка. Парламентот ќе ги повика земјите-членки на Обединетите нации да дадат извештај за сите договори поврзани со трговијата со оружје.
В среда на Европарламентот ќе му се обрати перуанскиот претседател, г. Олианта Хумала, откако претходно ќе се гласа по резолуцијата за трговски договор на ЕУ со Колумбија и Перу.