ЕУ вести



Среда, 2 мај 2012 година

Повик за укинување на смртната казна

Сите земји кои сè уште ја применуваат смртната казна, вклучувајќи ги и оние со статус набљудувач во Советот на Европа, итно да го применат Мораториумот за егзекуција, како прв чекор кон укинување на смртната казна – се повикува во декларацијата, која денеска ја усвои Комитетот на министри на Советот на Европа.

Со ова Комитетот на министри недвосмислено го потврдува својот став против смртната казна на сите места, под сите околности и изразува уверување дека укинувањето ќе придонесе кон подобрување на човековото достоинство и прогресивен развој на човековите права.

Притоа, Комитетот на министри го поздрави фактот што во последните петнаесет години нема погубувања на територијата на неговите земји-членки и тоа што на глобално ниво е намален бројот на земјите кои ја применуваат смртната казна.

Click