Понеделник, 15 октомври 2012 година
Учество на 48. Конференција на КОСАК
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, на 14-16 октомври 2012 година, ќе учествува на 48. Конференција на комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија - КОСАК, што под ЕУ претседателство на Република Кипар се одржува во Никозија.
На конференцијата, на која учествуваат претседателите и членовите на комисиите за европски прашања на земјите-членки и земјите-кандидати за ЕУ членство, ќе стане збор за приоритетите на кипарското претседателство со ЕУ, безбедното снабдување со енергија, како и за Стратегијата Европа 2020, во однос на можностите за излез од економската криза во Унијата.
Во рамките на конференцијата свое излагање ќе има и заменикот на претседателот на Европската комисија, г. Марош Шевчовиќ на тема: „Повеќе Европа во реалноста“ - од зборови на дела.