Вторник, 10 јануари 2012 година
Јавна расправа на тема: Превенција од рак на грлото на матката - македонско и европско искуство
Во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка со Здружението за борба против рак „Борка“ и Европската асоцијација за борба против рак на грлото на матката, чиј полноправен член е македонското здружение, на 25 јануари 2012 година во 10,00 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, ќе се одржи јавна расправа на тема: Превенција од рак на грлото на матката - македонско и европско искуство