Најави



Понеделник, 21 јануари 2013 година, 11,00 часот, Сала 1

Педесет и втора седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

  1. Предлог за именување заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;

  2. Предлог за именување jавен обвинител на Република Македонија;

  3. Предлог на одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави;

  4. Предлог на одлука за избор на член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво;

  5. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“;

  6. Предлог на одлука за разрешување на член на Државната комисија за спречување на корупцијата;

  7. Оставки на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски на функцијата член на Комисијата за верификација на фактите;

  8. Предлог на закон за ратификација на Договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина;

  9. Предлог на закон за ратификација на Амандман на Статутот на Меѓународната финансиска корпорација;

  10. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за правна помош во граѓански и кривични предмети;

 11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата - II читање;


  12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност - II читање;

  13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците - II читање;

  14. Предлог на закон за дополнување на Законот за матичната евиденција - II читање;

  15. Предлог на закон за изменување на Законот за постапување по претставки и предлози - II читање;

  16. Предлог на закон за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија - II читање;

  17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај - II читање;

  18. Дополнет предлог на закон за автокампови - II читање;

  19. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања - II читање;

  20. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи - II читање;

  21. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување - II читање;

  22. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување - II читање;

  23. Предлог на закон за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка;

  24. Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка;

  25. Предлог на закон за изменување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка;

  26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка;

  27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование, по скратена постапка;

  28. Предлог на закон за студентскиот стандард, по скратена постапка;

  29. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за  ученичкиот стандард, по скратена постапка;

  30. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, по скратена постапка;

  31. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници, по скратена постапка;

  32. Предлог на закон за изменување на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка;

  33. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка;

  34. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка;

  35. Предлог на закон за дополнување на Законот за внатрешната пловидба, по скратена постапка;

  36. Предлог на закон за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка,
поднесен од: Александар Николоски и Илија Китаноски;

  37. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи - I читање;

  38. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации - I читање;

  39. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стандардизација - I читање;

  40. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за водите - I читање;

  41. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното - I читање;

  42. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за сточарството - I читање;

  43. Предлог на закон за земјоделски задруги - I читање;

  44. Предлог на закон за договорите за превоз во патниот сообраќај - I читање;

  45. Предлог на закон за изменување на Законот за инвалидски организации - I читање;

  46. Предлог на закон за заштита на децата - I читање;


  47. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа - I читање;

  48. Предлог на закон за изменување на Законот за културата - I читање;

  49. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство - I читање;

  50. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг - I читање,
поднесен од: Радмила Шекеринска Јанковска, Гордан Георгиев, Наташа Савова Салковска, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голупчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јовковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмет Џемајлоски и Сафет Бишевац;

  51. Предлог на закон за дополнување на Кривичниот законик - I читање,
поднесен од: Радмила Шекеринска Јанковска, Гордан Георгиев, Наташа Савова Салковска, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голупчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јовковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмет Џемајлоски и Сафет Бишевац;

  52. Предлог на закон за партиски истражувачко-аналитички центри - I читање,
поднесен од: Силвана Бонева, Илија Китаноски, Александар Спасеновски, Светлана Јакимовска, Владимир Ѓорчев, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Косана Николиќ Мазнева, Илија Димовски, Благородна Дулиќ, Веле Ѓорѓиевски, Надица Танчева Тулиева, Нада Станчевска, Ане Лашкоска, Бети Кузмановска, Васко Пашовски, Ванчо Апостолов, Весна Пемова, Димитар Стевананџија, Драган Цуклев, Ѓорѓи Коџабашиев, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Драган Настески, Миле Пачемски, Сузана Анова, Нада Ципушева, Павле Саздов, Ромео Тренов, Милорад Додевски, Михаило Џолонга, Светлана Карапетрова, Славе Гошев, Стефче Трпковски, Васко Мицевски, Харалампие Шокаровски, Јордан Пачков, Трајчо Димков, Елена Павлова, Диме Маџовски, Васил Пишев, Тони Трајановски, Дарко Димитриески, Борислав Стојменов и Марија Рашковска;

  53. Предлог на закон за дополнување на Законот за политичките партии - I читање,
поднесен од: Силвана Бонева, Илија Китаноски, Александар Спасеновски, Светлана Јакимовска, Владимир Ѓорчев, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Косана Николиќ Мазнева, Илија Димовски, Благородна Дулиќ, Веле Ѓорѓиевски, Надица Танчева Тулиева, Нада Станчевска, Ане Лашкоска, Бети Кузмановска, Васко Пашовски, Ванчо Апостолов, Весна Пемова, Димитар Стевананџија, Драган Цуклев, Ѓорѓи Коџабашиев, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Драган Настески, Миле Пачемски, Сузана Анова, Нада Ципушева, Павле Саздов, Ромео Тренов, Милорад Додевски, Михаило Џолонга, Светлана Карапетрова, Славе Гошев, Стефче Трпковски, Васко Мицевски, Харалампие Шокаровски, Јордан Пачков, Трајчо Димков, Елена Павлова, Диме Маџовски, Васил Пишев, Дарко Димитриески, Борислав Стојменов, Марија Рашковска и Тони Трајановски;

  54. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии - I читање,
поднесен од: Силвана Бонева, Илија Китаноски, Александар Спасеновски, Светлана Јакимовска, Владимир Ѓорчев, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Косана Николиќ Мазнева, Илија Димовски, Благородна Дулиќ, Веле Ѓорѓиевски, Надица Танчева Тулиева, Нада Станчевска, Ане Лашкоска, Бети Кузмановска, Васко Пашовски, Ванчо Апостолов, Весна Пемова, Димитар Стевананџија, Драган Цуклев, Ѓорѓи Коџабашиев, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Драган Настески, Миле Пачемски, Сузана Анова, Нада Ципушева, Павле Саздов, Ромео Тренов, Милорад Додевски, Михаило Џолонга, Светлана Карапетрова, Славе Гошев, Стефче Трпковски, Васко Мицевски, Харалампие Шокаровски, Јордан Пачков, Трајчо Димков, Елена Павлова, Диме Маџовски, Васил Пишев, Тони Трајановски, Дарко Димитриески, Борислав Стојменов и Марија Рашковска;

  55. Предлог на национална стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година;

  56. Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година, поднесен под архивски број 07 - 299/1;

  57. Барање за давање автентично толкување на член  6 став 1 точка 6 од Законот за персонален данок на доход, поднесено од пратеникот Цветанка Иванова;

  58. Барање за давање автентично толкување на член 21 од Законот за ловството, поднесено од пратеникот Миле Андонов;

  59. Барање за давање автентично толкување на член 64 став 2 од Законот за високото образование, поднесено од пратеникот Голубчо Ангелов;

  60. Барање за давање автентично толкување на член 1 од Законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, поднесено од пратеникот Оливер Спасовски.

Click