Најави

Вторник, 12 февруари 2013 година, 10,00 часот, Сала 4

КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ
 
Предлог на дневен ред:

1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, по скратена постапка;

2. Предлог на закон за дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка;

3. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за Проектот за подобрување на постоечката регионална и општинска патна мрежа, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка;

4. Предлог на закон за мирување и отпишување на обврски по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување кои настанале до крајот на 2008 година, по скратена постапка и

5. Предлог на закон за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог на закон за дополнување на Законот за денационализација  (прво читање);

2. Предлог на закон за регулирање на дел од долгот кон Обединетата банка на Швајцарија (прво читање);

3. Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2013 година.

Click