Најави



Понеделник, 18 февруари 2013 година, 11,00 часот, Сала 1

ПЕДЕСЕТ И ПЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Дневен ред:

1. Предлог за избор на членови на Владата на Република Македонија;

2. Предлог за именување на заменици-министри во Владата на Република Македонија;

3. Предлог за именување член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;

4. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за реципрочно признавање на возачки дозволи;

5. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за отворање на заеднички граничен премин Џепиште-Требиште;

6. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Европската унија за воспоставување рамка за учество на Република Македонија во операциите на Европската унија за управување со кризи;

7. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за банките (второ читање);

8. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи (второ читање);

9. Предлог на закон за изменување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, (второ читање), поднесен од пратениците: Илија Димовски и Благородна Дулиќ;

10. Предлог на закон за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка;

11. Предлог на закон за правосудниот испит, по скратена постапка, поднесен од пратениците Илија Димовски, Силвана Бонева, Александар Спасеновски, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски.

12. Предлог на закон за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија (прво читање);

13. Предлог на закон за дополнување на Законот за денационализација (прво читање);

14. Предлог на закон за регулирање на дел од долгот кон Обединетата банка на Швајцарија (прво читање);

15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (прво читање);

16. Предлог на закон за катастар на недвижности (прво читање);

17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување (прво читање);

18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (прво читање);

19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството (прво читање);

20. Стратегија за родова еднаквост 2013-2020;

21. Годишен извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година;

22. Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2013 година;

23. Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2013 година;

24. Финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2013 година;

25. Предлог на одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што ги наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва;

26. Предлог на одлука за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот  надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2013 година;

27. Годишен финансиски план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за 2013 година;

28. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2013 година;

29. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2013 година;

30. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2013 година;

31. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на Првиот телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2013 година;

32. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на Вториот телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2013 година;

33. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности за Собранискиот канал за 2013 година;

34. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Click