Најави

Петок, 2 август 2013 година
 
Полагање цвеќе 

По повод 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Силвана Бонева, г. Игор Ивановски, г. Неџати Јакупи и г. Ивон Величковски, ќе положи венци свежо цвеќе.

Делегацијата во 09.40 часот ќе положи венец свежо цвеќе пред Споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“, во 09.50 часот, делегацијата ќе положи венец свежо цвеќе пред Споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија, а во 10.10 часот ќе положи венец свежо цвеќе пред Споменикот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ, на плоштад „Македонија“.

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Јордан Пачков, г. Горан Минчев, г. Реџаил Исмаили, г. Горан Мисовски и г. Сафет Бишевац ќе положи венец свежо цвеќе, во 11.00 часот, на Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце.

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од г-ѓа Сузана Салиу, во состав: г-ѓа Цена Матевска, г. Горан Сугарески и г-ѓа Владанка Авировиќ, ќе положи венци свежо цвеќе во 10.30 часот на гробот на Никола Карев во Крушево, во 11.00 часот пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во 12.00 часот на „Мечкин Камен“.
Click