Најави



Петок, 6 декември, 14.00 часот, Сала 4

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА

Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за финансиската полиција (прво читање);

2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (прво читање);

3. Предлог-закон за дополнување на Законот за пригодни ковани пари (прво читање);

4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови (прво читање);

5. Предлог-национална стратегија за заштита и спасување на Република Македонија за периодот од 2014 - 2018 година;

 6.  Предлог-закон за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини (прво читање);

7. Барање за давање на автентично толкување на член 40 став 3 од Законот за јавните патишта, поднесено од градоначалникот на Општина Крива Паланка.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог-закон за ратификација на Меморандумот за разбирање за соработка во здравството помеѓу Владата на Република Македонија и Државата Катар;

2. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт.

Click