ЕУ вести



Четврток, 10 октомври 2013 година

Европски ден против смртната казна

Генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и високиот комесар за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, г-ѓа Кетрин Ештон, издадоа заедничка декларација за одбележување на 7. Европски ден против смртната казна - 10 октомври.

Во декларацијата, тие ги повторуваат своите остри ставови против употребата на смртната казна, како нехуман гест, спротивен на правото на живот и човечкото достоинство, преку кој не се спречува криминалот.

Тие упатуваат апел до сите европски земји законски да ја укинат смртната казна во сите околности, посебно до Белорусија, како единствената која продолжува со егзекуциите.

Во светски рамки, Кина е на врвот по најголем број извршени смртни казни, па следуваат Иран, Саудиска Арабија, Северна Кореја и САД. Во првите десет уште се: Пакистан, Ирак, Виетнам, Авганистан и Јапонија.

Комитетот на Советот на Европа на министри го прогласи 10 октомври како годишен Европскиот ден против смртната казна во септември 2007 година, како европски придонес кон Светскиот ден против смртната казна на истиот датум.

Click