ПССЕ го усвои Извештајот за постмониторинг дијалогот со Мак...



Петок, 28 јуни 2013 година

ПССЕ го усвои Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија

Со огромно мнозинство гласови, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера го усвои Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, кој го изготви британскиот пратеник, г. Роберт Волтер.

Прочитај повеќе

ПССЕ ќе расправа за Македонија 27.6.13...



Четврток, 27 јуни 2013 година

ПССЕ ќе расправа за Македонија

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), во рамките на денешниот ден од пленарната седница во Стразбур, ќе расправа за Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, изготвен од британскиот пратеник, г. Роберт Волтер.

Прочитај повеќе

Г-8 Самит 19.6.13...



Среда, 19 јуни 2013 година

Г-8 Самит

Унапредувањето на глобалната трговија, борбата против затајувањето и избегнувањето данок, поголема транспарентност, светската економија и кризата во Сирија, беа во фокусот на 39. Самит на Г-8, кој се одржа во текот на претходните два во Велика Британија

Прочитај повеќе

Пленарна седница на европскиот законодавен дом 10.6.13...



Понеделник, 10 јуни 2013 година

Пленарна седница на европскиот законодавен дом

Европскиот парламент, од 10 до 13 јуни, во Стразбур, ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се гласа за одредени шенген реформи во врска со нелегалните гранични проверки. Исто така, ќе се гласа за воведување на заеднички европски систем за справување со азилот, со оглед на бројката од 330.000 баратели на азил, кои биле регистрирани во земјите од Европската унија во 2012 година

Прочитај повеќе

ЕУ Зелена недела 4.6.13...



Вторник, 4 јуни 2013 година

ЕУ Зелена недела

Најголемата годишна конференција на Европската политика за животна средина, Зелената недела, по 13. пат ќе се одржи од 4 до 7 јуни 2013 година, во Брисел, овојпат под мотото „почист воздух за сите“, со цел да се подобри квалитетот на воздухот кој го дишеме

Прочитај повеќе

Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија 23,5,13...



Четврток, 23 мај 2013 година

Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија

Со 505 гласа „за“, 61 „против“ и 31 „воздржани“, Европскиот парламент го усвои Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година. При гласањето се усвоени само дел од предложените амандмани поднесени по Резолуцијата

Прочитај повеќе

Европратениците дебатираа за Извештајот за Македонија 23.5....



Четврток, 23 мај 2013 година

Европратениците дебатираа за Извештајот за Македонија

Вчера, во Европскиот парламент, се дебатираше за Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, а денеска ќе се гласа по истиот. Во својот говор, речиси сите европратеници побараа нашата земја веднаш да добие датум за преговори.

Прочитај повеќе

Извештајот за Македонија пред европратениците 22.5.13...



Среда, 22 мај 2013 година

Извештајот за Македонија пред европратениците

Денеска попладне, Европскиот парламент, во рамките на својата пленарна седница во Стразбур, ќе дебатира по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, а утре ќе се гласа по истиот

Прочитај повеќе

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ 21.5.13...



Вторник, 21 мај 2013 година

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, денеска во Брисел, ќе одржат состанок на Советот за општи работи на Унијата (ГАК), каде на дневен ред е и прашањето дали да испратат покана до Европскиот совет на Самитот на 27 и 28 јуни.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 20.5.13...



Понеделник, 20 мај 2013 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 20 до 23 мај, Европскиот парламент одржува пленарна седница во Стразбур, за време на која, ќе се дебатира (22 мај) и гласа (23 мај) по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, изготвен од известителот за нашата земја, европратеникот Ричард Ховит.

Прочитај повеќе

Се одбележа Денот на Европа 10,5,13...



Петок, 10 мај 2013 година

Се одбележа Денот на Европа

Со разни активности и свечености на Стариот континент, вчера беше одбележан 9 мај – Денот на Европа, но во исто време се одбележа и победата против фашизмот. Целта на овој ден е преку низа настани да се придонесе кон меѓусебно приближување на европските народи

Прочитај повеќе

Повелбата за основните права на ЕУ не е само документ, туку...



Среда, 8 мај 2013 година

Повелбата за основните права на ЕУ не е само документ, туку реалност за Европејците

Три години откако Повелбата за основните права на Европската унија стана правно обврзувачка, таа претставува појдовна точка при изготвувањето на законодавството, не само за институциите на ЕУ, туку и за европските и националните судови, со што основните права стануваат реалност за граѓаните на Унијата - се вели во третиот годишен извештај за примената на оваа Повелба

Прочитај повеќе

Отворени денови на Европарламентот 30,4,13...



Вторник, 30 април 2013 година

Отворени денови на Европарламентот

Овогодинешниот фестивал на Европа ќе се одржи на 4 мај во Брисел и Луксембург, како и на 19 мај во Стразбур. По тој повод, за време на овие денови, своите врати ќе ги отворат Европскиот парламент и другите европски институции.

Прочитај повеќе

Еврокомесарот Филе ќе го објави Специјалниот извештај за Ма...

Вторник, 16 април 2013 година

Еврокомесарот Филе ќе го објави Специјалниот извештај за Македонија

Денеска попладне, во Европскиот парламент во Стразбур, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави Специјалниот извештај за Република Македонија.

Извештајот е подготвен од Европската комисија во согласност со заклучоците од Самитот на Европскиот совет во декември минатата година.

За 22 април, пак, во Луксембург се закажани состаноци на Советот за министри за надворешни работи и Советот за општи работи на ЕУ, каде првпат шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата ќе разговараат за можноста Република Македонија да добие датум за почеток на преговори на јунскиот Самит на Европскиот совет.
Прочитај повеќе

Зголемено високото образование во ЕУ 12.4.13...



Петок, 12 април 2013 година

Зголемено високото образование во ЕУ

Бројот на граѓани кои имаат завршено високо образование во сите земји-членки на ЕУ во 2012 година се зголемил и изнесува 36%, велат податоците на Европската комисија, според Европската статистичка канцеларија Еуростат

Прочитај повеќе
1234     
Click