Понеделник, 11 ноември 2013 година
Собраниска делегација во возвратна посета на Република Турција
Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција во состав: г. Кенан Хасипи, претседател на пратеничката група, г. Амди Бајрам, г. Бехиџудин Шехаби, г. Газменд Алији и г. Ердоган Сарач, членови на пратеничката група ќе оствари возвратна посета на Република Турција од 11 до 15 ноември 2013 година, на покана од г. Хусеин Бурге, претседател на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големо национално собрание на Република Турција.
Делегацијата ќе оствари средби со г. Џемил Чичек, претседател на Големо национално собрание на Република Турција, претседателот и членовите на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство, како и претставници на извршната власт, локалните и регионални власти и бизнис-заедницата. Во рамките на посетата, делегацијата ќе престојува во Анкара, Коња и Истанбул.