Понеделник, 2 декември 2013 година
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“
На 8 декември 2013 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата „Св. Климент Охридски“ за 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија