Петок, 4 октомври 2013 година
Учество на 129. Собрание на Интерпарламентарната унија
Делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на 129. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 6 до 9 октомври 2013 година, во Женева, Швајцарија. Делегацијата ја сочинуваат пратениците: г. Јани Макрадули, шеф на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Неџати Јакупи, г. Имер Алиу, г. Горан Мисовски и г. Рејхан Дурмиши, членови на делегацијата